7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отворено

7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отворено

Речиси секој од нас е зависен од својот смартфон. Покрај многуте други опции, смартфонот најчесто го користиме и за фотографирање. Без разлика дали сте на патување надвор од земјата или пак на кратка прошетка во природа, ќе сакате да сочувате некои моменти и пејзажи. За таа намена постојат различни апликации што може да ви помогнат при уредувањето на фотографиите, при што откако ќе ги користите, ќе бидете изненадени од резултатите. Денес ви прикажуваме седум такви апликации. Проверете ги и споделете ги вашите искуства!

7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отворено

1. Priime

Priime е бесплатна апликација што нуди 100 професионални стилови, инспирирани од едни од најдобрите светски фотографи, а исто така овде се вклучени и модерни алатки. Достапна е за корисниците на iOS.

7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отворено

2. VSCO

VSCO е уште една бесплатна апликација за уредување фотографии што има напредна контрола на камерата. Исто така овде имате можност да креирате и профил каде што ќе ги објавувате своите фотографии и другите ќе имаат можност да ги видат. Достапна е за корисниците на iOS и Андроид.

7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отворено

3. Afterlight

Afterlight е апликација што чини 1 долар, но со неа ќе добиете 74 целосно прилагодливи филтри, 78 природни текстури, 15 прилагодливи алатки и 128 рамки. Плус тоа, оваа апликација совршено се вклопува со Инстаграм. Достапна е за корисниците на iOS и Андроид.

7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отворено

4. Adobe Photoshop Lightroom

За понапредна обработка на фотографиите, Adobe Photoshop Lightroom ви овозможува да бидете вешти во уредувањето и да ги споделите професионалните и квалитетни фотографии директно од вашиот смартфон или таблет. Станува збор за бесплатна апликација што има доста едноставен процес на користење. Достапна е за корисниците на iOS и Андроид.

7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отворено

5. Polarr

Polarr е одлична, прецизна и бесплатна апликација што се прилагодува на вашите желби. Таа ви нуди различни филтри, 3Д поддршка на допир, корекции и слично. Достапна е за корисниците на iOS и Андроид.

7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отворено

6. Enlight

Ако сакате да додадете малку уметност на фотографиите што биле направени на отворено, тогаш треба да ја пробате Enlight. Дел од најкреативните функции на оваа апликација вклучуваат различни филтри, сликарски ефекти и трансформација на улична уметност. Вреди да се проба. Чини 4 долари и е достапна за корисниците на iOS.

7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отворено

7. Snapseed

Апликацијата на Гугл за уредување фотографии, Snapseed, е совршена за мали, специфични коригирања. Имате можност за ротација, сечење, контраст и многу други работи. Достапна е за корисниците на iOS и Андроид.

7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отворено


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар