Претходно
7 едноставни трикови за беспрекорно селфи
Правењето добро селфи полека станува неопходна животна вештина. За подобро и побрзо да ја совладате ви предлагаме да ги примените советите од следното видео.
Од овие седум трикови ќе научите дека:
- Светлото треба да доаѓа од зад телефонот кон вашето лице за подобар фокус на вашето лице.
- Светлото треба да доаѓа од зад вас ако сакате послаб фокус на лицето.
- Треба да го барате совршениот агол преку експериментирање со помош на испружената рака и со аголот под кој го држите телефонот.
- Кажувањето на зборот „cheese“ ќе направи да изгледате вештачки, а негова алтернатива се зборот „prune“ за суптилно испакнати усни и „mocha“ за насмевка.
- Можете да го користите тајмерот за селфи во акција.
- За да направите селфи во темна просторија треба да ја користите камерата и блицот од задната страна на телефонот или да замолите некој да ви го осветли лицето додека сликате.
- Не е ништо ново, но уште еднаш ќе видите како налегнатиот телефон ќе ви овозможи одлични групни селфи фотографии.
Уживајте и учете!