7 бесмислено скапи гаџети кои веројатно не треба да ги купите

7 бесмислено скапи гаџети кои веројатно не треба да ги купите

1. iPhone 3GS Supreme – 3,02 милиони долари

Ако вашиот ајфон почна да ви здосадува, веројатно сте во потрага по додаток кој ќе го освежи и направи поинтересен или пак веќе размислувате како го држите новиот модел во рака.7 бесмислено скапи гаџети кои веројатно не треба да ги купитеНаместо да си поминете поедноставно и поевтино, што велите за iPhone 3GS Supreme, ајфон од третата генерација вреден 3,02 милиони долари. Овој ајфон е различен од останатите негови браќа од истата генерација бидејќи е изработен од 22-каратно чисто злато со 136 беспрекорни дијаманти поставени на предниот дел, 53 дијаманти кои лежат на логото одзади и 7,1-каратно парче дијамант сместено на навигациското копче.7 бесмислено скапи гаџети кои веројатно не треба да ги купитеАко ова е прескапо парче задоволство за вас, тогаш земете ја предвид и поевтината варијанта – iPhone 4 облепен со дијаманти кој чини 20.400 американски долари.


2. Слушалки со 14 карати бело злато украсено со дијаманти – 3.499 долари

7 бесмислено скапи гаџети кои веројатно не треба да ги купитеАко веќе потрошивте 3 милиони долари за луксузен телефон, веројатно не би ви пречело да дадете уште 3 илјади за овие светкави слушалки кој ќе ги украсат вашите уши и ќе го надополнат вашиот екстравагантен имиџ.


3. Дијамантско цветно компјутерско глувче – 20.250 долари

7 бесмислено скапи гаџети кои веројатно не треба да ги купитеСледен гаџет кој ќе ја надополни вашата дијамантска колекција е ова компјутерско глувче кое е веројатно најскапото во светот. Изработено е од 18-каратно бело злато и украсено со 59 дијаманти наредени во форма на цвет.7 бесмислено скапи гаџети кои веројатно не треба да ги купитеОдличен спој на технологија и накит и вистински избор за подарок со кој можете да кажете и покажете „колку“ некој ви значи.


4. Vertu Signature Cobra – 310.000 долари

7 бесмислено скапи гаџети кои веројатно не треба да ги купитеАко ајфон е премногу очигледен избор за многумина, оние кои сакаат да остават вистински впечаток со својот мобилен телефон, изборот можат да го најдат во Vertu Signature Cobra, дизајниран во 2006 година од страна на еден француски изработувач на накит. Телефонот користи Symbian OS, а неговиот дизајн го одликуваат дијаманти во форма на крушка, еден кружен бел дијамант, 2 очи од смарагд и 439 рубини. Ако ова е парчето технологија-наикт кое сакате да го имате во вашата чанта или џеб, побрзајте бидејќи бројот на достапни „кобри“ е ограничен.


5. Amosu Curva – 240.000 долари

7 бесмислено скапи гаџети кои веројатно не треба да ги купитеЧекајте, не донесувајте заклучоци врз база на името. Различните јазици некогаш прават вакви случајни шеги. Amosu Curva e всушност BlackBerry Cure 8900 збогатен со 4 459 брилијантно исечени дијаманти, облечен во кутија од жолто злато и вкупна каратна тежина од 28, 43 карати. Името го добил според неговиот изработувач Александер Амосу. Но, ако ова е вашиот избор, треба многу брзо да делувате бидејќи само 3 вакви парчиња се произведени за продажба.


6. Ego Lifestyle Laptop – 10.900 долари

7 бесмислено скапи гаџети кои веројатно не треба да ги купитеАко вашиот лаптоп не изгледа како италијанска кожна чанта со крокодилски релјеф кога е затворен, едноставно не е доволно добар. Ego Lifestyle вклучува 64-битен AMD Turion процесор, има 12,1-инчен екран, Radeon XPRESS 200M графичка картичка, DVD плеер, 2GB DDR RAM, 160 GB тврд диск, WiFi и MS Office 2007, а тежи 2.58 килограми.

Иако, според спецификациите, делува како малку застарен модел, сепак има и неколку добри карактеристики како VGA излез, S-video излез, 3 USB порти и сл. Во моментов е во процес на продукција, но веќе може да се нарача.


7. Nintendo Game Boy во светкава варијанта – 29.500 долари

ОК. Веројатно веќе се навикнавте на темава, па затоа најбесмисленото го оставивме за крај. Идејата на овие екстра скапи играчки е во следново: земате еден мобилен телефон, лаптоп, слушалки или друга „обична“ играчка која повеќето луѓе можат да си ја дозволат, ја посипувате со метал и камења така што ја правите привилегија само на екстремно богатите кои имаат необично разбирање за модата, вкусовите и себеизложувањето во јавност.7 бесмислено скапи гаџети кои веројатно не треба да ги купитеПоследнава играчка е Game Boy покриен со сет од дијаманти распоредени околу екранот и сместен во 18 карати злато што го прави многу тежок. Зошто едно дете би сакало да игра на обичен, евтин Play Station, кога на светот постои вакво нешто?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. 1231 Reply

    na sekoja slika vikav bljak xD

Остави коментар