6 знаци дека иднината е веќе пристигната

6 знаци дека иднината е веќе пристигната

Понекогаш кога гледаме научно фантастичен филм или кога сме заглавени во сообраќајот, жалиме што не поседуваме футуристичка технологија. Но „напредната“ технологија е многу поблиску до нас одошто мислите. Некои од работите кои ги посакуваме веќе се измислени и само прашање на време е кога ќе станат популарни.

1. Самоуправувачки автомобили

Компанијата Гугл веќе неколку години работи на развој на самоуправувачки автомобили. Во 2012 година било објавено дека управувањето на овие автомобили со помош на компјутер довело до над 480.000 километри без никакви несреќи. Иронично е што неколкуте инциденти кои се случиле, настанале од човечки оператори кои ги тестирале автомобилите. Истата година, Невада станала првата држава која издала специјални регистарски таблици за самоуправувачките автомобили.

2. Лабораториско месо

Ако ја тргнеме етиката настрана, одгледувањето животни на фарма чини многу пари и земја. Научниците започнале со истражување за создавање животинско ткиво од матични клетки во лабораторија, без да се одгледа цело животно. Доколку ова истражување даде зелено светло, резултатите би биле позитивни, со оглед на негативните ефекти од климатските промени и порастот на урбанизацијата.

3. Електронска облека

Е-текстилите се во процес на развивање. Во овие модели волната и електрониката се исткаени заедно и создаваат флексибилен уред кој може да се носи како облека. Лабораториите полека создаваат облека која се осветлува со помош на лед сијалици, како и облека која реагира на надворешни светлосни стимулации. Една лабораторија веќе создала престилка тастатура која може да се носи и да се користи со кој било пренослив електронски уред.

4. Виртуелни суперѕвезди

Многу од познатите поп ѕвездите се доживуваат како „лажни“ од публиката, но никој не е толку лажен како Хатцуне Мико, најновата јапонска виртуелна сензација. Мику првично била маскота за еден музички програм наречен Вокалоид. Користејќи го програмот, корисниците имале прилика нивните песни да бидат испеани од страна на Мику, па благодарение на илјадниците песни и големиот број фанови, Мику се појавила на Јутјуб. Во 2010 година таа дури имала неколку концерти во живо, односно во форма на холограм.

5. Приватен вселенски лет

Приватната авионска компанија СпејсХ, формирана од претприемачот Елон Маск, во 2012 година станала првата приватна компанија која истапила со вселенско летало во соработка со Интернационалната Вселенска станица. Многу други компании веќе се занимаваат со развивање на активности во таканаречениот „вселенски туризам“.

6. Протетика контролирана со умот

Кога екстремитетите се отстрануваат, мозокот се однесува како тие сè уште да се таму. Со користењето на сигналите од мозокот преку електродите и останатите нервни завршетоци, научниците развиле протетика за екстремитети кои реагираат на умот. „Железните“ раце се способни да подигнат осетливи предмети без да се скршат, и да ги мрдаат прстите индивидуално. Во 2012 година, еден човек ги искачил скалилата на кулата Чикаго Вилис, користејќи протетска нога контролирана од умот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар