6 технологии кои секојдневно погрешно ги користите
Сигурно никогаш не сте помислиле дека погрешно ја користите технологијата. Овие факти и видеото кое следува после нив ќе ве разубедат.
1. Јутјуб
Погрешно: Премотување на видеото со помош на тач падот на лаптопот. Може и така, но…
Правилно: Истото полесно ќе го направите и со стрелките или копчињата со боевите.
2. Далечинскиот управувач од автомобилот
Погрешно: Го отклучувате автомобилот покажувајќи го далечинското кон него.
Правилно: Насочете го далечинското кон главата и искористете ја како антена.
3. Мотање на каблите
Погрешно: Како и да ги мотате, пак ви се заплеткуваат.
Правилно: Замотајте ги јамките обратно како во видеото подолу.
4. Тестирање на батериите
Погрешно: Ги ставате во уредот и проверувате дали тој работи со нив.
Правилно: Пуштете ги од мала височина вертикално на рамна подлога. Полните батерии ќе стојат, празните не.
5. Затворање на апликациите на ајпад
Погрешно: Преку копчето Home кое ве враќа на почетниот екран.
Правилно: Не е баш лесно, но подобро е да ги затворите користејќи четири прсти како во видеото.
6. Селфи со ајфон
Погрешно: Држејќи го телефонот со рацете.
Правилно: Фотографирајте се со помош на копчето на слушалките.
Сето ова убаво е претставено во следното видео.