6 совети за купување нов лаптоп
Без разлика дали пишувате некој труд, предавате, подготвувате некој проект или само сурфате на Интернет, потребен ви е вистинскиот лаптоп кој ги исполнува вашите потреби, но и кој одговара на вашиот буџет. На прв поглед купувањето лаптоп може да изгледа збунувачко. Постојат стотици модели во разни големини, со барем 3 оперативни системи, а цените може да се движат од 150 до 5.000 евра. За среќа, наоѓањето на вистинскиот лаптоп е многу полесно и поевтино отколку што мислите. Овие 6 совети ќе ви помогнат во тоа.
1. Помалиот екран значи подобра преносливост
Повеќето лаптопи доаѓаат со екран со големина од 11 до 17 инчи. Целиот систем е прилагоден за големината на екранот. Ова значи дека помалите лаптопи се полесни и покомпактни, додека поголемите може да бидат гломазни. Ако ретко го преместувате вашиот лаптоп, 15-инчен модел ќе ви заврши работа. Но ако планирате постојно да го разнесувате лаптопот, подобро ќе биде да одберете модел од 13 или 14 инчи. Децата под 12 години полесно ќе се справат со лаптоп чиј екран е 11, 12 инчи. Ако вашиот лаптоп најчесто стои на едно место, можете да одберете модел од 17 инчи.
2. Резолуцијата нека биде барем 1080 пиксели
Ако можете да си дозволите, земете лаптоп со резолуција на екранот од барем 1920х1080. Денес овие лаптопи може да се најдат и за цена пониска од 300 евра. Бројот на пиксели ќе ви го олесни читањето на содржината од екранот и полесно ќе ја користите опцијата за мултитаскинг.
3. Одберете лаптоп чија батерија издржува барем 8 часа
Ако планирате да поминувате подолго време без да го полните лаптопот, гледајте неговата батерија да издржува барем 8 часа. Бидејќи им е потребна поголема моќ, ова не важи за гејмерските лаптопи.
4. Windows и macOS се подобри од Google’s Chrome OS
Лаптопите кои го користат оперативниот систем на Гугл се популарни за помладите корисници бидејќи се лесни за употреба и потешко е да фатат вирус. Сепак за повозрасните подобри се лаптопите со Виндоус или Мекбук. Доколку се двоумите помеѓу двете, имајте на ум дека со Виндоус имате повеќе опции, вклучувајќи и лаптопи со екран на допир. Мекбук, од друга страна, се побезбедни и имаат подобар софтвер за уредување фотографи и видеа.
5. Земете „2 во 1“ само ако ви е потребен екран на допир
Денес постојат многу „2 во 1“ лаптопи, кои можат да се користат и како таблети. Тие се одлични само ако навистина планирате да го користите екранот на допир. Во спротивно, можете да земете многу подобар лаптоп за истата цена ако нема екран на допир. „2 во 1“ лаптопите обично се многу поскапи и имаат послаба батерија.
6. Перформанси: Core i5, 8GB RAM, 256GB SSD
Ако давате повеќе од 500 евра за лаптоп, тој треба да има најмалку Intel Core i5 процесор, 8GB RAM меморија, 256GB SSD диск и 1080р екран. Особено е важно да имате SSD диск на вашиот лаптоп бидејќи побрзо ќе ви се отвораат програмите.
Доколку планирате да си купите нов смартфон, погледнете зошто е подобро да изберете Андроид.