5 причини поради кои вашиот компјутер е иритирачко бавен

5 причини поради кои вашиот компјутер е иритирачко бавен

Ако постои една работа што најмногу ја мразиме, тогаш тоа дефинитивно е бавниот компјутер. Со оглед на тоа што тој ви е потребен за работа, но и за слободните часови, сѐ што посакувате е „нормална“ брзина за вашето „милениче“. Понекогаш, тој не сака да ги слуша вашите молби, а вие не знаете како да пронајдете соодветно решение за овој проблем. Доколку се мачите со бавната машина, еве неколку причини поради кои тој можеби се однесува така.

1-5-prichini-poradi-koi-vashiot-kompjuter-e-iritirachko-baven-www.kafepauza.mk_

1. Го немате надградено софтверот

Кога треба да го надградите вашиот компјутер, тоа обично бара и рестарт, а со самото тоа и затворање на сите други активности. А вие за тоа едноставно немате време. Затоа кликате на копчето „игнорирај“ и ноќната мора започнува. Не можете нормално да работите на компјутерот кој повеќе не е „во тек“. Обично ажурирањето нуди многу подобри опции, а кога компјутерот сака, а не може да го направи тоа автоматски, во неговиот софтвер се создава вистинска мала забуна. Затоа, одвојте 10 минути и освежете ја вашата алатка за работа.

2. Имате премногу отворени прозорчиња

Знаете дека мултитаскингот всушност претставува начин на кој уништувате повеќе работи одеднаш? Секако, мултитаскингот е нешто што е задолжително за денешните професии, па така е сосема логично да имате премногу отворени прозорчиња одеднаш. Но, доколку не сакате вашиот компјутер да умре со мачна смрт, ограничете се на 9 прозорчиња, бидејќи толку може еден сосема нормален компјутер да издржи без кочење.

3. Не се сеќавате кога последен пат сте го исклучиле?

На лаптопот обично не го користите копчето за исклучување. Едноставно само го преклопувате и одите понатаму. Меѓутоа, барем еднаш неделно морате да го рестартирате или да го исклучите за да му дадете можност да се ажурира, да се стартува антивирусот и да се затворат сите оние позадински апликации кои всушност ја забавуваат неговата работа.

3-5-prichini-poradi-koi-vashiot-kompjuter-e-iritirachko-baven-www.kafepauza.mk_

4. Вашиот десктоп е… Катастрофа!

Вашиот компјутер се чувствува навистина лошо кога работната површина му е пренатрупана со сешто. Тоа го забавува, а ве забавува и вас кога се обидувате да пронајдете нешто. Сепак, решението за овој проблем е навистина едноставно, само направете нова папка и ставете сѐ во неа. Брзо и лесно, а навистина помага.

5. Користите многу програми истовремено

Гугл Хром со милион отворени прозорчиња + Ексел = бавен компјутер. Затворете го сето она што не го користите или што моментално не ви е потребно само додека не го завршите она што моментално го работите. Подобро е да отворите нова програма отколку да чекате да оживее целиот компјутер. Сепак, проблемот со брзината во овој случај на мултитаскинг би требало да биде решен со ажурирање на оперативниот систем.

2-5-prichini-poradi-koi-vashiot-kompjuter-e-iritirachko-baven-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар