3 корисни апликации што ќе ви ги бројат калориите наместо вас

3 корисни апликации што ќе ви ги бројат калориите наместо вас

Популарни и многу корисни, апликациите што ги мерат калориите можат да бидат вашиот најдобар сојузник во борбата против килограмите. Иако сите отприлика знаеме што е потребно за да го одржуваме здравиот дух, никогаш не ни била потребна поголема помош. Токму затоа и овие бесплатни апликации можат да ви го олеснат животот и да ви помогнат да ја одржувате идеалната тежина.

1. MyFitnessPal

Доколку сакате да дознаете колку калории има вашата порција за ручек, ова е идеалната апликација за вас. Таа ја оценува храната, ви препорачува кога и што да јадете и истовремено е многу поучна и забавна. И за време на работните денови, и за викендите, вие ќе имате увид во количината на изедената храна. Можете дури и да планирате мени за наредниот период.

2. Lose it!

Оваа апликација има скенер за бар-кодови, како и голема архива со рецепти, храна и активности. Корисниците можат да додадат одредени видови состојки во базата со податоци и да ги пратат дневните внесувања на протеини, јаглехидрати и масти.

3. My Diet Coach

Станува збор за една од најдобрите апликации за слабеење што ви нуди многу повеќе од едноставно собирање калории. Таа исто така содржи и мотивациски потсетници и фотографии што во голема мера можат да ви помогнат конечно да се ослободите од вишокот килограми.

Намалете го стресот и подобрете си го секојдневието. Погледнете ги и најдобрите бесплатни апликации за медитација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Остави коментар