11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денес

11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денес

Иако живееме во 21-иот век, сè уште самите миеме садови, ја пегламе облеката и „рачно“ ги броиме внесените калории. Можеби е време да се ослободиме од овие секојдневни обврски и да им ги предадеме на електронските помошници, особено бидејќи многу од нив постојат и денес. Овие 11 навидум футуристички направи може навистина да ви го олеснат животот, а најдоброто од сè е што можете да ги купите уште денес.

1. Огледало што ќе ги замени експертите за убавина

11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денес

Оваа направа ќе го оцени вашето лице од 1 до 100, ќе ги анализира ефектите на козметичките продукти што ги користите и ќе ви даде детален извештај, како и препораки за грижа на вашата кожа. Цената на огледалото е 360 евра, што и не е толку многу во споредба со услугите од експертите за убавина. Покрај тоа, со ова огледало можете да гледате видеа на Јутјуб и да слушате музика.

2. Очила со светлинска терапија за долги авионски летови

11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денес

Идејата зад овие очила е фактот дека нашите биолошки часовници се регулираат според светлината. Ако патувате кон исток, би требало да ги носите очилата наутро околу 60 минути. На овој начин без проблем ќе заспиете вечерта кога ќе пристигнете на вашата дестинација. Ако патувате кон запад, очилата се носат навечер за да не заспиете премногу рано и да не се будите во текот на ноќта. Цената на оваа направа е 240 евра.

3. Роботска перница за несоница

11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денес

Не само што ќе ви помогне да заспиете, туку оваа перница ги намалува стресот и анксиозноста. Перницата го анализира вашиот ритам на дишење и го одбира „третманот“ кој ви е најпотребен. Со оваа направа можете да слушате релаксирачка музика во зависност од вашиот вкус. Цената на перницата е 412 евра, но и покрај високата цена постојат многу заинтересирани купувачи.

4. Паметни чорапи

11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денес

Паметните чорапи се на некој начин како фитнес алките. Тие ја следат вашата физичка активност, бројот на согорени калории, па дури можат да ви помогнат и да ги одберете совршените атлетски обувки. Чорапите можете да ги перете во машина, а цената е слична како и онаа на фитнес алките – 160 евра.

5. Направа за чистење заби

11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денес

Иако можеби изгледа застрашувачки, оваа направа ги чисти вашите заби за само 6 секунди. Секоја четка е направена според 3Д скенирање на усната празнина, а цената се движи од 60 до 80 евра.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар