10 веб-сајтови кои можат многу да ви користат

10 веб-сајтови кои можат многу да ви користат

Разгледајте ги овие неколку веб-сајтови и меѓу нив може да пронајдете некој што ќе ви олесни некој дел од животот.

10 интернет страници кои можат многу да ви користат

1. Zero Dollar Movies. Овој сајт располага со колекција од 15.000 филмови кои може да се гледаат бесплатно на Јутјуб. Нема трејлери или само делови од филмовите, туку се работи за целосни верзии.

2. Livestream. Доста популарен сајт за видеостримање на вашите настани на која било платформа. Следниот пат кога ќе сакате да го споделите искуството од некој настан со други, употребете го Livestream.

3. Get Notify. Овој веб-сајт следи дали оној кому сте му пратиле мејл го прочитал и ви праќа известување кога ќе се случи тоа.

4. PicMonkey. Не мора да симнувате различни апликации за обработка на слики. Тоа можете да го сторите онлајн со помош на овој сајт.

5. Instructables. Овде има извонредна колекција од „Направи сам“ туторијали. Се чини дека нема нешто што не е застапено на овој сајт.

6. Sync.in. На овој сајт ќе најдете алатки за истовремено менување на еден документ од страна на повеќе лица. Го качувате документот и потоа сите кои имаат пристап до него можат едновремено да вршат преправки.

7. Fitday. Овде можете да водите дневник поврзан со вашите фитнес цели. Покрај тоа сајтот располага и со многу текстови од областа на здравата исхрана и вежбањето.

8. Endomondo. Овде ќе добиете помош во врска со вашите физички активности. На сајтот ќе внесете податоци за тоа што сте вежбале и ќе добиете анализа за резултатите од тоа.

9. 750 Words. Одлична можност за креативците секое утро да ги запишат првите 750 зборови кои им доаѓаат на памет. Тоа помага да сфатите што ви се врти низ главата, а и го разбиструва умот.

10. Memrise. Забавна интернет локација која ви овозможува да учите нови едноставни работи преку игри и вежби за меморирање.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар