10 технологии коишто нема да постојат за 20 години
Технологијата постојано се менува, а многу често не сме ни свесни за тоа. Впрочем, таа еволуира толку брзо што дури да го купите најновиот лаптоп или телефон, тој е веќе застарен. Но се очекува овие нешта да се променат. 20 години од денес некои технологии, особено оние кои најмалку очекувате, повеќе нема да постојат.
1. Ретровизор
Голема е веројатноста сите автомобилски компании целосно да ги заменат ретровизорите со камери. Покрај тоа, камерите ќе бидат стандарден додаток на беспилотните возила кои постојано ја зголемуваат својата популарност. Камерите стануваат поевтини, а ова е уште една причина огледала да се заменат со нив.
2. Телефонски кули
Додека примената на технологијата еволуира, физичките направи се смалуваат. Како резултат на ова, повеќе работа може да се заврши на многу помал простор. Ова може да важи и за телефонските кули кои стануваат сè помали. Некои смартфони ја прескокнуваат потребата за телефонска кула и комуницираат едни со други на растојание од 500 метри. Компанијата Qualcomm прва го забележала ова и се обидува да најде начин да го прошири откритието. Со еволуирањето на оваа технологија, телефонските кули целосно ќе се исфрлат од употреба.
3. Далечински управувачи
Постојаното губење на далечинскиот управувач најверојатно ќе стане минато. Милиони направи се веќе поврзани со вифи, а ова значи технологијата ќе се контролира преку компјутери, таблети, смартфони и паметни часовници. Нештата како Google Home и Amazon Alexa веќе можат да ги контролираат светилките и апаратите во вашиот дом, и тоа само со помош на вашиот глас. Замислете колку ќе се подобри оваа технологија во наредните 20 години.
4. Кредитни картички
Кога прв пат биле измислени, кредитните картички го направија плаќањето навистина брзо и ефикасно. Првите картички биле пуштени во употреба во 1950-та година, и за една година добиле 20.000 корисници. Но ова било пред 70 години, а технологијата денес се менува секој миг. Компаниите како Старбакс и Мекдоналдс веќе нудат наплата со помош на телефон. Некои продавници имаат свои апликации додека други ја користат новата опција за плаќање на поновите модели на смартфони. Наскоро би можеле да плаќаме само со скенирање на нашиот прст.
5. Метални клучеви
Веќе постои технологија која може целосно да ги замени металните клучеви. Прашање на време е кога и клучевите ќе заминат во историјата. Новите автомобили веќе имаат опција за вклучување со помош на копче. Замислете да можете да ја отклучите вратата од домот преку вашиот телефон. Веќе можете да отворате брави со гласовни команди, скенирање на прст или ретина, па дури и со одредена гестикулација. Верувале или не, можете да си ставите и мал инплант во дланката којшто ќе биде препознаван од вашата брава.
Продолжува на следната страница…