10 случајни несакани последици од новите технологии
Технологијата се развива многу брзо, а повеќето од нас се возбудени за сите нови работи кои произлегуваат од тој напредок. Научниците сакаат да ни дадат беспилотни возила, виртуелна реалност, многу брзо патување, комерцијални вселенски летови и уште многу други работи. Но додека секој со нетрпение ги чека новите пронајдоци, малкумина се прашуваат зошто. Вистината е дека многу од овие технологии се бескорисни, а некои од нив дури и опасни. Ова се некои од несаканите ефекти на најновите технолошки пронајдоци.
1. Беспилотните автомобили немаат етички код
Овие автомобили се можеби најпосакуваното нешто досега. Можеби сè уште немаме автомобили кои летаат, но барем добивме возила кои нема потреба да ги управуваме. Но, постојат проблеми кои треба да се решат пред овие автомобили да станат достапни за широката јавност. Најважното нешто за кое многумина се прашуваат е што ќе избере автомобилот помеѓу животот на невини пешаци и животот на луѓето во автомобилот. Во списанието „Science Magazine“ била спроведена анкета во која учествувале околу 2.000 испитаници. Поголемиот дел од нив сметале дека автомобилот треба да се грижи за безбедноста на пешаците, но тие исто така не би купиле автомобил кој на прво место ја става безбедноста на некој друг. Сепак, експертите кои работат на овие автомобили сметаат дека поголема закана претставуваат хакерите кои можат да го преземат возилото отколку оваа одлука.
2. Виртуелната реалност може да предизвика психолошки нарушувања
Компаниите како „Oculus Rift“ прават голем напредок во светот на видео игрите. Оваа технологија им овозможува и на новите лекари и медицински сестри да се обучуваат без да загрозат нечиј живот. Значи, виртуелната реалност е корисна и во други полиња освен кај видео игрите. Сепак, кога станува збор за видео игри, може да настанат многу психолошки нарушувања и проблеми. Дури и без виртуелната реалност, многу луѓе умреле поради долгото играње без престан. Други пак, развиле вистинска зависност од игри како „World of Warcraft“. Кога луѓето ќе можат да ги играат омилените игри во виртуелна реалност, на многумина ќе им биде тешко да престанат и може сериозно да си го запостават здравјето. Исто така постои опасност од губење допир со реалноста, па тие нема да можат да разликуваат помеѓу игрите и реалноста.
3. Дроновите ги полудуваат луѓето
Дроновите стануваат сè почести, па наскоро ќе треба да го прифатиме фактот дека тие се дел од градскиот живот. На почетокот дроновите биле големи летала кои минувале над воени зони, а понекогаш се користеле и за фрлање бомби. Денес тие се многу помали и може да си ги купи секој. Ако имате забележано, малите дронови зујат тивко, а колку е поголем дронот толку е погласно зуењето. Во селата во Јемен каде што постојано има дронови, жителите најмногу се жалат дека постојаното зуење ги полудува. За жал, ако дроновите почнат да се користат како поштари и слично, ова зуење ќе биде неизбежно во градовите.
4. Ветерниците и соларните колектори го убиваат животинскиот свет
Ветерниците и соларните колектори се сметаат како најдобриот извор на енергија. Тие се многу почисти за околина и се траен извор. Но, иако можеби не загадуваат, тие си имаат свои недостатоци. Некои истражувања покажале дека ветерниците сепак убиваат многу животни, особено птици. Соларните колектори им изгледаат како вода на птиците, па кога тие ќе сакаат да слетаат над нив, буквално се спржуваат. Сè уште не е пронајден ефективен начин за спречување на ова.
5. Комерцијалните вселенски летови имаат последици врз здравјето
Вселенските патувања им беа дозволени само на неколку моќни држави, но денес сè повеќе и повеќе држави лансираат свои сателити. Компаниите како „Virgin Galactic“ и „SpaceX“ работат на тоа да им ги овозможат овие летови и на обичните граѓани. Но, проблемот овде е што ова патување не е најдобро за нашето здравје. Дури и НАСА ги одбира физички најспремните луѓе за своите мисии во вселената, и им дозволува да останат најмногу 6 месеци. Времето поминато во вселената може да ја намали густината на коските, да го влоши видот и да предизвика уште многу други здравствени проблеми. НАСА, но и други експерти, се загрижени дека ранливите и постари „вселенски туристи“ може да искусат сериозни компликации за време на едно вакво патување.
Продолжува на следната страница…