10 работи што го прават вашиот телефон лесна цел на хакерите
Мобилните телефони се незаменлива алатка со која комуницираме, пресметуваме, се информираме, па дури и пазариме. Додека за компјутерите користиме антивируси и посветуваме внимание за да се заштитиме од потенцијален хакерски напад, истото ретко го правиме за телефоните, иако нив ги користиме почесто. Експертите споделуваат како криминалците може да стигнат до нашите податоци и што може да сторите за да се заштитите.
1. Користење јавни Интернет мрежи
Отворените мрежи им дозволуваат на криминалците лесно да споделуваат штетен софтвер на секој што е поврзан на мрежата. Впрочем, лесно е секој да направи лажна мрежа која изгледа како отворена Интернет мрежа. На мобилниот телефон најдобро е се поврзете преку виртуелна приватна мрежа (VPN – Virtual Private Network), која ќе го спречи поврзувањето на незаштитени мрежи.
2. Заклучувајте го екранот со лозинка
Доволен е само еден момент на невнимание во продавница или кафуле за некој да ви го земе телефонот. На овој начин, доколку немате лозинка, некој хакер може да ви инсталира апликација за следење или крадец може да ви го украде телефонот и да пристапи до вашите битни информации, како кредитна картичка или адресата.
3. Оневозможете го појавувањето на пораките на екранот
Многу телефони се подесени на тој начин за да покажуваат дел од секоја примена порака на екранот дури и додека телефонот е заклучен. На овој начин, ризикувате одредени важни пораки да бидат видени од сите околу вас.
4. Чувате стари мејлови
Доколку не ги бришете старите мејлови, хакерите може да добијат информации за секоја интернет-страница или интернет-услуга што сте ја користеле кога ќе влезат во вашето сандаче.
5. Отворање несигурни линкови на социјалните мрежи
Повеќето од нас се внимателни кога станува збор за мејлот, но што се случува кога ќе погледнете сомнителна објава на некоја социјална мрежа? Секогаш добро погледнете ја објавата пред да притиснете на линкот бидејќи може да завршите на интернет-страница која ќе го зарази вашиот телефон со вирус.
6. Одјавувајте се од платформите за пазарење
Секогаш одјавувајте се кога ќе завршите со користење на одредена платформа која вклучува плаќање со картичка, како Пејпал, Амазон итн.
7. Подесете го телефонот на автоматско ажурирање
Компаниите редовно ги ажурираат верзиите на телефонскиот оперативен систем за да поправат грешки и да спречат нивно повторно појавување. За да не проверувате дали на телефонот му е потребно ажурирање, подесете го да го прави тоа автоматски.
8. Бидете внимателни кога ја споделувате локацијата
Споделувањето на локацијата на социјалните мрежи или во групи може да им помогне на криминалците да откријат каде се наоѓате и да ви испраќаат штетни мејлови поврзани со местото или да ве ограбат.
9. Не отворајте несигурни документи на мејл
Никогаш не преземајте документи кои се испратени од несигурни извори. Експертите велат дека девет од десет сајбер-напади започнуваат со вакви мејлови.
10. Разгледајте ги апликациите пред да ги преземете
Апликациите кои прикажуваат реклами може да бидат штетни за телефонот доколку притиснете на погрешна реклама. Пред да инсталирате одредена апликација, разгледајте ја внимателно. Понекогаш, подобро е да платите за одредена апликација отколку да инсталирате бесплатна верзија која може да биде штетна.
Исклучете ја следнава опција на вашите смартфони за да се заштитите од хакери!