10 начини на кои вонземјаните би можеле да стапат во контакт со нас

10 начини на кои вонземјаните би можеле да стапат во контакт со нас

Ако ги игнорираме теориите на заговор, човештвото нема добиено никаква порака од цивилизација од друга планета. Ако го земеме предвид технолошкиот напредок во последните 100 години, постои голема веројатност дека вонземјаните кои би стапиле во контакт со нас се далеку понапредни. Имаме измислено многу начини за комуницирање низ космосот. Па, ако некоја напредна вонземна цивилизација сака да комуницира со нас, можеби би го направила тоа на некој од следниве начини.

1. Радио бранови

(1)10-nachini-na-koi-vonzemanite-bi-kontaktirale-so-nas-kafepauza.mk

Радио брановите се првото нешто што ни паѓа на ум кога зборуваме за комуникација со вонземјани. Овој начин на комуникација е претставен во многу книги и филмови. Сепак радио брановите ни се познати веќе цел век. Многу научници и организации, како SETI, одвојуваат време за да бараат обид за контакт преку радио бранови. Дури има е една можен контакт од 1970-тите, односно познатиот „WOW!“ сигнал. До денес нема објаснување за овој радио сигнал од јато ѕвезди кои се во наша близина. Но, има проблем со овој метод. Радио брановите ослабуваат со нивното оддалечување од изворот. Па, пораките кои сме ги испраќале изминатиот век, веројатно ќе бидат неразбирливи после неколку светлосни години.

2. Ласери

(2)10-nachini-na-koi-vonzemanite-bi-kontaktirale-so-nas-kafepauza.mk

Ласерите се можеби подобар начин за комуницирање. Интензитетот на сигналот е зачуван на поголемо растојание за разлика од радио брановите. Со ласерите може да нишаните на индивидуални небесни тела, па процесот на праќање пораки е добар и ефикасен. Прашањето е: На која фреквенција треба да биде светлината кога го испраќаме ласерскиот сигнал? Ако цивилизацијата е доволно напредна, тие може да испратат гама зраци. Овие зраци траат најдолго и се разликуваат од другите. Сепак, за ова е потребно огромно количество енергија.

3. Ѕвездена светлината

(3)10-nachini-na-koi-vonzemanite-bi-kontaktirale-so-nas-kafepauza.mk

Сигурно имате слушнато за вселенскиот телескоп Кеплер. Овој телескоп на НАСА бара планети меѓу ѕвездите со тоа што ја набљудува светлината на една ѕвезда кога пред неа поминува планета. Но што ако доволно напредна цивилизација може да постави огромен триаголник или правоаголник во орбитата на ѕвездата? За да ја откриеме оваа порака треба само да знаеме која форма ја бараме. Всушност, цивилизацијата не мора ни да биде толку напредна. За неколку стотици години и ние ќе можеме да го правиме тоа. Овие „нешта“ би биле доволно големи за да покријат поголем дел од планетата кој ќе биде видлив оддалеку.

4. Дисонова сфера

(4)10-nachini-na-koi-vonzemanite-bi-kontaktirale-so-nas-kafepauza.mk

Ова е слично со претходниот метод, но овде целта не е контакт, туку собирање на целата енергија на ѕвездата. Идејата е да се постават милијарди огромни сончеви колектори кои ќе ја собираат енергијата од ѕвездата. Иако звучи лудо, брзината со која се движи технолошкиот напредок може да го направи ова возможно и за нас за неколку стотици години.

5. Играње со космосот

(5)10-nachini-na-koi-vonzemanite-bi-kontaktirale-so-nas-kafepauza.mk

Цивилизација која е милиони години пред нас би можела да го контролира движењето на небесните тела, нели? Па, тие би можеле да го сменат движењето на телата во нашиот систем за да ни го привлечат вниманието. Забрзувањето близу до брзината на светлината или забавувањето, евентуално некој ќе го забележи. Енергијата и технологијата која би била потребна за ова можеме само да ја замислиме во научно фантастичните филмови. Има астрономи кои секоја вечер бараат некоја аномалија која би можела да биде обид за контакт. Очигледно овие способности нам би ни изгледале божествени.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар