10 корисни уреди кои најверојатно не сте знаеле дека постојат

10 корисни уреди кои најверојатно не сте знаеле дека постојат

Секоја година се појавуваат сѐ покорисни и поневеројатни уреди што ни го олеснуваат животот и ни го заштедуваат времето. Доколку не сте чуле за следниве 10 извонредни откритија, време е да дознаете нешто повеќе за нив…

1. Ремен со ултразвук за бремени жени

10 корисни уреди кои најверојатно не сте знаеле дека постојат

Овој електронски уред по име PreVue има флексибилен екран што се закачува на бременото стомаче со помош на мек ремен и ви овозможува да го гледате бебето. Идните родители ќе можат да набљудуваат како нивното бебе расте, спие, се движи и реагира на различни звуци дури и пред неговото раѓање.

2. Белезица со прожектор

10 корисни уреди кои најверојатно не сте знаеле дека постојат

Компанијата Cicret ви нуди белезица што ќе го претвори вашиот живот во таблет. Таа има мини прожектор и сензори со чија помош екранот на смартфонот се проектира директно на вашата рака. На овој начин ќе можете да користите најразлични опции на вашата кожа.

3. Пегла што ја осветлува косата

10 корисни уреди кои најверојатно не сте знаеле дека постојат

Сега е уште полесно да станете русокоси. Американскиот бренд Pravana измислил пегла што може да ви ја осветли косата за неколку минути. Најважно е тоа што пеглата е побезбедна од обичните фарби за коса.

4. Речник што работи на допир

10 корисни уреди кои најверојатно не сте знаеле дека постојат

Научниците од националниот универзитет во Сингапур го создале речникот за препознавање текстови по име Touch-Hear. Тој се состои од два дела: Мал сензор што се закачува за вашите прсти и звучник што се закачува на вашето уво. Веднаш штом допрете испечатен збор на книга со скенерот, ќе го чуете неговото значење. Освен тоа, овој уред воопшто нема да им пречи на другите луѓе, бидејќи само вие ќе можете да го слушнете.

5. Стимулатор на мозочна активност

10 корисни уреди кои најверојатно не сте знаеле дека постојат

Thync е генијален уред што користи електрични импулси за да ви помогне да се ослободите од стресот, да се опуштите по напорниот ден или пак да се расположите. Уредот има различни опции: „Мотивација“, „Релаксација“, „Длабок сон“, па дури и „Блаженство“, чувство што личи на благо пијанство.

Продолжете на следната страница за останатите генијални уреди…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар