10 карактеристики на смартфоните за коишто сигурно не сте чуле досега
Смартфоните влегоа во нашите животи со брзина на светлината, па немавме време да ги откриеме сите можности што ги нудат. Освен тоа, нивниот прогрес не стои во место и постојано се надградуваат со што стануваат сѐ помоќни и помоќни. Дали знаете дека многу од секојдневните активности ќе ви станат полесни доколку научите како правилно да го користите вашиот Андроид уред? Во продолжение, дознајте за некои од нивните одлични скриени карактеристики…
1. Клонирање апликации
Во поновите верзии на Андроид постои опција од менито што се вика „App Cloner“ со чија помош можете да дуплицирате некоја апликација со едно единствено кликање. Ова може да биде корисно за луѓето кои често се вклучуваат на социјалните мрежи преку различни профили. Доколку вашиот Андроид не ја поддржува оваа опција, можете да симнете посебен програм за клонирање апликации.
2. Симнување видеа и аудио клипови од Јутјуб
Гугл ги крие апликациите што ви овозможуваат да симнувате Јутјуб видеа од неговата официјална продавница. Но, постојат многу други достапни апликации што се бесплатни и ќе ви го понудат истото. Некои веќе имаат стекнато добра репутација, а други се понови на пазарот. Сите работат на истиот принцип: Го копирате линкот од видеото или го наоѓате фајлот преку апликацијата.
3. Претворете го вашиот смартфон во дигитална вага
Дали сте знаеле дека можете да мерите мали предмети со помош на вашиот телефон? Тоа е така благодарение на една специјална апликација што го претвора вашиот уред во дигитална вага. Само инсталирајте ја апликацијата, калибрирајте ја со мало воздушно перниче или кој било друг предмет чија тежина веќе ја знаете (како на пример, монета) и можете да почнете со мерење!
4. Отворете две прозорчиња со помош на еден допир
Сакате да читате е-книга и да користите речник истовремено без да ги менувате прозорчињата? Лесна работа! Само вклучете го модалитетот за повеќе прозорчиња. За да го направите ова, отворете ја апликацијата и држете на копчето за листа на задачи (десно од копчето „Home“). За жал, не можат сите смартфони да работат на ваков начин.
5. Преминете во „safe mode“
Ова е корисно за да ги дебагирате и да ги отстраните апликациите што ја попречуваат правилната функција на телефонот. За да преминете во „safe mode“, вклучете го вашиот телефон или таблет, потоа повторно притиснете го копчето за вклучување и задржете го. Кога ќе се појави менито, притиснете го и задржете го копчето за исклучување означено со „Off“ или „Power Off“. Кога ќе се појави опцијата за „safe mode“, притиснете „ОК“.
Преминете на следната страница за да ги дознаете останатите корисни карактеристики на смартфоните…