10 генијални пронајдоци за коишто немавте идеја дека постојат
Уред што го чисти вашиот телефон, друг што ви помага да спиете… Зарем ова не звучи прекрасно? Погледнете ги овие алатки коишто би го подобриле вашето секојдневие. Овде со сигурност не постои простор за каење!
1. Сапун за чистење на вашиот телефон
Дали некогаш сте помислиле колку е валкан вашиот телефон? Кога еднаш ќе го утврдите тоа, пробајте го сапунот којшто истовремено го полни и чисти вашиот телефон.
2. Паметен чадор
Губењето на чадорот не е реткост. Но, ова повеќе не мора да ви биде проблем, бидејќи постои нешто што се нарекува Oombrella (ќе чини 59$ и ќе биде достапен од оваа пролет). Станува збор за паметен чадор којшто е синхронизиран со апликација и ве потсетува да не го заборавите. На пример, вие сте на вечера во некој ресторан и го оставате вашиот чадор на подот. Како што се оддалечувате од чадорот, вие ќе почнете да добивате предупредувања. Овој додаток исто така ви кажува кога има можности за бура, а е составен и да го прогнозира времето.
3. Уред за споделување фотографии
Овој уред овозможува споделување на сликите со вашите членови на семејството – дури и тие да не се приклучени за интернет. Со овој уред (299$) можете да прикачувате слики, до 400.000 на едно место, а со него исто така може и да се поврзат повеќе луѓе. Секој може да креира албум и да ги зачува сликите сè додека да се поврзи.
4. Трака којашто ви овозможува слушање музика додека спиете
Повеќе не ќе мора да се заплеткувате во слушалките додека спиете, благодарение на SleepPhones Harmony (чини 149$ и ќе биде достапна подоцна во текот на годината). Станува збор за трака што ќе ви овозможува да слушате музика од вашиот телефон, без да биде поврзана со жици. Со вградениот сензор, таа ќе ги прилагодува јачината и видот на музиката што ја слушате додека спиете.
5. Сребрен монитор во улога на мајка
Се грижите за некој постар член во вашето семејство? Пробајте го овој уред (299$) којшто ги следи постарите членови и е составен од четири таканаречени „јазичиња“ каде што можете да ставите сè. На пример, едно од нив можете да го именувате „таблети“ и да поставите аларм. Па, доколку нешто треба да биде извршено во одредено време, а тоа не е, вие ќе добиете известување и можете веднаш да видите што се случува.