10 футуристички медицински иновации кои ќе ги променат нашите животи

10 футуристички медицински иновации кои ќе ги променат нашите животи

Технолошкиот напредок во последнава деценија прави да се чувствуваме како да живееме во научно фантастичен филм. Медицината исто така доживува огромни промени, а постојано се појавуваат нови пронајдоци. Погледнете некои од иновациите кои веројатно целосно ќе ја променат медицината која ни е позната денес.

1. Холографска анатомија

(1)10-futuristichki-medicinski-inovacii-koi-kje-gi-promenat-nashite-zhivoti-kafepauza.mk

Мајкрософт работи на проект наречен HoloLens. Оваа програма проектира дигитални информации за она што го гледате. Замислете колку би им било лесно на идните доктори да ја истражуваат човечката анатомија со оваа технологија. Сега замислете колку лесно ќе му биде на хирургот да гледа во внатрешноста на телото без операција. Оваа технологија значи попрецизни операции.

2. Контактните леќи на Гугл

(2)10-futuristichki-medicinski-inovacii-koi-kje-gi-promenat-nashite-zhivoti-kafepauza.mk

Гугл работи на контакти леќи со дигитален сензор. Целта на леќите е да им помогне на луѓето со дијабетес. Пациентите нема веќе да имаат потреба да си ги боцкаат прстите или постојано да носат монитор за следење на нивото на гликоза. Овие леќи постојано ќе го мерат нивото на гликоза во солзите на пациентите.

3. 3Д печатење

(3)10-futuristichki-medicinski-inovacii-koi-kje-gi-promenat-nashite-zhivoti-kafepauza.mk

Иднината пристигна со 3Д печатењето. Во меѓувреме болниците ги користат 3Д печатачите за мали пластични делови, но со напредокот на технологијата, овие печатачи ќе може да се користат за протези и инпланти.

4. 3Д испечатени лекови

(4)10-futuristichki-medicinski-inovacii-koi-kje-gi-promenat-nashite-zhivoti-kafepauza.mk

Постои реална можност да ги печатите вашите лекови дома. Обично лековите се компресираат и оформуваат, додека овие биопечатачи ја составуваат капсулата слој по слој без компресија. Бидејќи тенките слоеви ќе се распаѓаат побрзо, телото многу подобро и побрзо ќе го апсорбира лекот. Кај некои нарушувања, како епилепсијата, оваа брзина на делување е клучна.

5. Печатени органи

(5)10-futuristichki-medicinski-inovacii-koi-kje-gi-promenat-nashite-zhivoti-kafepauza.mk

Веќе спомнавме за 3Д печатени инпланти, протези и лекови. Но, постои можност и за печатење ткиво и органи. 3Д биопечатењето активно се истражува со цел да се реши проблемот со недостаток од органи за трансплантација. Научниците бараат начин да создадат живо ткиво со овие печатачи.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар