Секојдневно слушам како се жалиме дека економијата не ни била добра, примањата не ни се добри, патиштата не ни се добри, дека на работа не ни е добро, дека колегите не нè сакаат, дека менаџерите нè тормозат итн., итн.
Со цел подобро да функционираме како тим ние мора свесно и макотрпно да работиме на себе и на сите членови на тимот, како и да ги следиме некои од основните правила и принципи на функционирање во тим.
Кога ќе навлеземе во суштината на процесот на продажба ќе сфатиме дека среќата најмногу зависи од нас самите, нашата самодоверба, карактер и секако напорната работа.
Довербата е најважен дел во меѓусебните односи на луѓето. Жално е што иако сме свесни за ова, довербата во односите меѓу луѓето е на толку климави нозе што секоја комуникација започнува со НЕдоверба.
Од мали нозе нè учат и ние ги учиме децата дека поставувањето прашања е срамота или е непотребно и во тој случај што да очекуваме од тие деца кога ќе пораснат?!
Зборовите имаат огромна моќ и влијаат во нашата секојдневна комуникација, и живот воопшто. Понекогаш само со менување на редоследот или изборот на зборови (збор), може да се добие сосема друга конотација и поента на реченицата.
За една личност, вработен, професионалец, менаџер, сопственик, кој било, да биде комплетен и успешен, во справување со секојдневните предизвици (на работа и приватно), мора да знае како да се менаџира себеси.
Без оглед дали се работи за страст спрема професионалната работа или, пак, некое хоби, културно случување, спорт, едноставно, повеќе не се радуваме на активностите што ги правиме, туку ги правиме механички и без елан.
Овие совети ги пишувам како реакција на неколку ситуации кои во последно време свесно или несвесно ги забележувам кај другите, но ги правам и јас лично.
Градењето добар однос со клиентите давајќи им професионална услуга е од најголема важност за секој бизнис. Може да се прават реклами и промоции, но ако не ги услужиме добро и да ги натераме да се вратат повторно...