Вашиот прв дневник сигурно бил преполн со тајни и мисли што сте сакале да си ги чувате за себе (сите знаеме дека читањето туѓ дневник е најстрого забрането).
Не би биле она што сме без нашите најдобри пријателки и работите не би биле исти без разлика дали станува збор за 90-тите или за денешно време и покрај тоа што работите се смениле по малку...
Денес децата имаат мобилни телефони уште на возраст од 6-7 години, но вие сигурно се сеќавате на вашиот прв мобилен телефон кој веројатно бил од марката Нокиа и сте можеле да скршите глава со него.
Без разлика на сè, неоспорен е фактот дека 90-тите ги одбележаа одлични филмски хитови, но и филмски јунакињи кои им станаа миленички на сите девојки во светот.