Филм за загубата и за тоа како понатаму откако ќе ви се случи најстрашното. Што откако сите грижливи пријатели ќе си заминат дома и ќе останете сами со своите мисли?
За вработените ова е сосема обичен викенд (во понеделник пак на работа), па па и патувањето отпаѓа. Затоа вечерта може да се помине и дома со кифлички, руска салата и добри филмчиња. Еве 10 кои можете да ги ставите на листата.
Филм за животните одлуки, за последиците, за љубовта и страста - Што би направиле кога би можеле да го вратите времето назад до оној момент кога знаете дека сте направиле голема грешка? Би живееле ли поинаку? Каква би била вашата судбина тогаш?
Филм за снаф-филмовите - ги знаете оние нарачани од „болни богатници“ кои се преполни со секс и со насилство и каде што секогаш има жртви кои реално умираат (не онака филмски). Сликите кои ќе ги видите нема да можете да ги извадите...
Филм за тоа како е да се гази по лешови за да се изгради мултимилионски бизнис, но и за онаа мала (сé уште постојна) трошка на совест. Каков човек треба да бидеш за да станеш најмладиот милијардер во светот?