Во едно истражување од Јужна Кореја, научниците успешно го „израснале“ изгубеното крзно на глувци. Тимот воден од професор Канг-Јел Чои создал нова биохемикалија која кога ја тестирале на глувци покажала обновување и растење на косата по само 28 денови.
На еден просечен скалп има околу 100.000 влакна. Црвенокосите луѓе имаат околу 80.000 влакна, бринетите и црнокосите околу 100.000, а русокосите имаат најмногу влакна, односно 120.000.