Одејќи по снегот ги остававме нашите стапки, како доказ дека сме биле тука, сме оставиле некаков белег, некаква трага, а јас секогаш се лутев што твоето ангелче во снегот беше поголемо и поубаво од моето.
Мирисот на дожд измешан со мирисот на свеќи од ванила... Мирис на есен. Поосамена од обично. Не јас. Есента. Јас... Мене ми е добро. Го комбинирам старото со новото, минатото го сакам назад, барем на кратко.
Тој може да ве погледне во очи, преку нив да навлезе длабоко во вашата душа и да дознае како може да ве натера да го посакувате и да сторите сè што ќе побара од вас, без да го помрдне ниту малиот прст.