Постои едно многу познато прашање од Ајнштајн, „Како некогаш би можеле да објасниме со јазикот на хемијата и физиката нешто толку важно како биолошкиот феномен – љубов на прв поглед?“
Фјодор М. Достоевски, најзначајниот руски писател и столб на реализмот како литературен правец, никогаш нема да престане да нѐ воодушевува со неговото длабоко разбирање на човековата психологија.
Кога нешто што не треба го правиме свесно повеќе пати, тогаш веќе не станува збор за правење грешка, туку за избор повторно да ја направиме истата глупост.