Доколку сакате да избегнете изглед на торба, а истовремено да не смрзнувате, прочитајте ги следните неколку совети за облекување во слоеви, конкретно во зимскиот период кој следува.
Трудејќи се да ги следиме моменталните трендови, понекогаш забораваме дека сите парчиња што ни се потребни за формирање на одлична комбинација, се веќе во нашиот гардеробер.