Сакате да се претставите како автентична дама со стил, да му оставите впечаток и да се чувствувате секси. Но дали некогаш навистина сте морале да одите со нив?
Одењето на штикли знае да биде напорно и ужасно болно, посебно ако сте на нив со часови. Сепак, кога веќе сте одлучиле да носите штикли, погрижете се да одите правилно и убаво.
Женските нозе изгледаат фантастично во чевли на високи штикли. Тие со нивната висина може да ја подигнат и вашата самодоверба. Но, ова не значи дека треба да го жртвувате своето здравје поради тоа.
Плускавците, задебелувањето кое се појавува на петите (курје око), внатрешните нокти и повредените глуждови се само дел од болните последици предизвикани од обувките кои толку многу ги сакате, но кои вашите стапала не ги поднесуваат.