Шолјите за кафе веќе не се само керамички садови кои служат за сервирање на нашиот омилен напиток. Тие претставуваат предмети со кои емотивно се поврзуваме и не сакаме да ги делиме со останатите...
Да се ужива во малку, во обичното, во секојдневното, а сепак убавото чувство да не губи од својот интензитет... многу работи во животот може да го имаат овој ефект. Кафето е една од нив. Уживајте во вашата шолја секој ден!
Станувате од спиење, а кафето веќе ве чека сварено на работната маса во кујната. Очните капаци полека се борат да го избистрат погледот, миризбата благо допира до вашиот нос.
Можеби сте виделе фотообјектив употребен како шолја за кафе и досега, но овој пат не мора да жртвувате стара леќа, која ретко ја користите за да уживате во вашето кафе сервирано на овој начин. Вакви „шолји за кафе“ сега и се продаваат.
Што ќе се случи ако кафето рипне од шолјата и вие успеете да го замрзнете тој момент? Се случува неверојатна уметност. А кога ќе додадете и млеко, тоа е веќе совршена комбинација...
Тазе подготвено кафе, сипано во вашата омилена голема шолја, која не сакате да ја користите со тацна... лаптопот пред вас и сурфате... работно или тотално релаксирачки, ова е вашата омилена поза. Еве една шик десктоп-позадина...
Времето полека се затоплува, денот почнува да трае подолго, а во природата околу нас, сè поприсутна станува зелената боја. Па, да бидеме во тек со временската сезона. Оваа позадина е вистински одмор за очите.
Обидувајќи се да бидат поинвентивни, а преку тоа да привлечат поголем интерес кај купувачите, производителите почнаа да ја употребуваат моќта на Фејсбук.
Совршена уметност во шолја полна со штотуку сварено кафе. Има ли подобар начин за започнување на денот? Одличен сервис за кафе, пеперутка во филџан, сосема доволно пена и многу кафен простор за вашите икони.