Носењето шминка за секого е различно. Некој ќе ви даде комплимент, некој пак, ќе ви каже дека тоа воопшто не ви е потребно, а постојат и луѓе кои можеби ќе ве навредат.
Лојд Симонд, креативниот директор за шминка во Ив Сен Лоран (Yves Saint Laurent) и вистинскиот експерт за шминка, реши да ја сподели тајната за совршени трепки.
Станува збор за неколку тајни на големите професионалци кои ќе ви помогнат секогаш да изгледате прекрасно, дотерано, уредно и средено со многу малку труд.
Очите кои се убаво и правилно нашминкани изгледаат прекрасно. Но, ако сенката за очи се користи неправилно, целата шминка може да изгледа непривлечно и неуредно.