Се сеќавате ли на вашето детство, на тоа какво дете бевте, какви сништа и желби имавте? Дали и сега доследно ги следите? Дали напуштајќи го детското тело го напуштаме и детето, па тој детски дух повеќе не се вклопува со веќе одраснатото тело?
Дали после љубовниот неуспех само ќе одмавнете со рамената и ќе продолжите понатаму, како ништо да не се случило, или пак тагувате и покрај тоа што знаете дека тоа ќе помине со тек на време?