Ако никако не можете да излезете на крај со вашата коса, решението можеби не е во потстрижувањето и новата фризура, туку во промена на начинот на кој го носите патецот.
Секоја жена сака да има коса мека како свила, раскошна и заводлива. Но дали сте сигурни дека правилно се грижите за својата коса, па дури и дали правилно ја сушите или чешлате?
На еден просечен скалп има околу 100.000 влакна. Црвенокосите луѓе имаат околу 80.000 влакна, бринетите и црнокосите околу 100.000, а русокосите имаат најмногу влакна, односно 120.000.