Шетањето во расцутени шарени ливади, снежни паркови и секое друго место, кое природата го наградила, ќе ги избрише сите карактерни разлики помеѓу овие два знака.
Двајцата обожаваат да се забавуваат до раните утрински часови, располагаат со непресушен извор на енергија и кога се заедно, задоволството е обострано.
Во ова пријателство постои одредена доза на тензија, но можеби токму затоа тие уживаат во него. Водолијата е крајно непредвидлива личност, а тоа претставува предизвик за родениот психолог каков што е скорпијата.
Тој може да ве погледне во очи, преку нив да навлезе длабоко во вашата душа и да дознае како може да ве натера да го посакувате и да сторите сè што ќе побара од вас, без да го помрдне ниту малиот прст.
Животот на стрелецот е како отворена книга, а на скорпијата како заклучен дневник. Стрелецот секогаш тежнее да се движи кон светлата страна на животот, а скорпијата не се плаши да се соочи со мракот...
Скорпијата многу ја почитува приземноста и логичниот став, кој девицата го има кон работите. Од друга страна, девицата ја инспирира страста и интензитетот на скорпијата во изразување на нејзините чувства.
Помеѓу овие два знака не постојат обични разговори. Тие се способни секоја тема на разговор да ја претворат во жешка дебата, во која едниот навива „за“, а другиот „против“ и ќе трае сè додека...
Ракот и скорпијата се емоционално длабоки личности, кои сакаат да навлегуваат под површината на работите, без разлика дали станува збор за меѓучовечки односи, уметност, политика или филозофија...