Лавот обожува да го „потхранува“ кревкото его на рибата со екстравагантни комплименти и промислени подароци, а никој не ја цени неговата дарежливост, повеќе од неа.
Машките риби, пред сѐ се личности кои во секој момент ќе ви пружат поддршка и ќе ви дадат сочувство, за сето она коешто во моментот се случува во вашата глава.
Будалестиот рак умее да ја насмее рибата дури и кога ѝ се плаче. Рибата пак, може да почувствува кога на ракот му е потребна широка утешителна прегратка.
Овенот ѝ се восхитува на рибата како секогаш умее да ја каже вистинската работа во вистинскиот момент, а рибата му се воодушевува на овенот како секогаш успева да го добие она што го сака.
Една работа е сигурна, на овие пријатели никогаш нема да им биде здодевно додека се заедно. Ним секогаш им е интересно да дискутираат за актуелните настани...
Принципиелната девица ги обожава слатките „вознемирувања“ кои водолијата ѝ ги предизвикува, бидејќи длабоко во себе, тежнее по малку повозбудлив живот.