Од сите пријатели коишто ги има, на близнакот најверојатно му е најдраг оној пријател кој е роден во хороскопскиот знак лав. Разиграното срце на лавот, силно „одекнува“ во младешкиот дух кој го има близнакот.
Оптимистичкиот карактер на ракот додава една многу позитивна светлина врз секојдневието на близнакот, додека воспитувачкиот инстинкт на близнакот создава удобност во светот на ракот.
Овие двајца пријатели знаат навистина добро да се забавуваат и честопати се многу гласни. Бидејќи се многу слични по карактер, тие обожаваат заедно да си озборуваат со часови.
Патот кон освојување на срцето на маж роден во хороскопскиот знак бик, е преку неговиот стомак. Тоа значи дека ќе ве обожува доколку му зготвите вкусна храна или го однесете во некој добар ресторан.
Ракот е секогаш расположен да му го подготви на бикот омилениот оброк, а со никого не е позабавно да се готви отколку со бикот, кој ужива во секое залче домашна храна.
Биковите секогаш се водат по поуката дека секој зачуван денар е заработен денар, додека неговиот другар близнакот има проблем да ги чува парите во својот џеб. Дали има надеж за ова пријателство?