На прв поглед наликуваат на фотографии со висока резолуција, но откако ќе погледнете подобро и ќе се фокусирате на деталите, ќе сфатите дека станува збор за цртежи.
Италијанскиот илустратор и графички дизајнер Марчело Баренги од Милано, создава хипер-реалистични цртежи од секојдневни предмети. Тешко е да се поверува дека за креирање на овие дела тој користи стандарден сет за цртање.
Од совршено превитканите трепки, детално пресликаните брчки под очите, до фасцинантната текстура на рожницата, артистот изведува совршено хиперреалистично пресликување на тагата во човечките очи.
Том Мартин е млад уметник кој користејќи акрилни бои, ги создава најзачудувачките слики. Гледајќи во нив, сигурно ќе си помислите дека тоа се фотографии, но реалноста е дека тие се слики...