Кога станува збор за модата, удобноста и практичноста се на самиот врв на списокот со приоритети на Французинките. Тоа се забележува и во нивниот избор на облека.
Нивната безгрижност и заводливост е можеби и причината зошто тие се толку познати и обожавани. Но што поточно ги прави француските дами толку уникатни и со беспрекорен стил?
„Је ne sais quoi“ e еден од најпознатите француски изрази кој во превод значи „не знам“, но напротив, тој ни малку не го опишува прецизниот и елегантен стил на француските дами.