Подводните фотографии на Сет Кастел се навистина освежување за очите. Полни со живи бои, забавни кучешки положби и бесценети фацки поради кои се топиме пред екранот.
Употребувајќи неонски бои и црна светлина, фотографката Сара Леал истакнува одредени детали од човечкото тело, на еден невообичаен, но прекрасен начин.
Нереалниот начин на презентирање на љубовните врски во романтичните комедии, ѝ дало идеја на една артистка да започне врска со самата себе, барем кога станува збор за нејзината фотосерија со автопортрети.
„Dark Venice“ е фотосерија од торонтскиот фотограф Алесандро Кансијан, преку која тој го претставува италијанскиот романтичен град Венеција во темно, мистично издание.
Аргентинската фотографка Софи Старзенски ја документирала нејзината бременост, фотографирајќи се во различни недели од бременоста, а на крајот и со нејзиниот, сега тримесечен син Симон.
Фотографката Менон Ветли создава уметност фрлајќи во воздух чаши полни со вино, млеко, кафе, фотографирајќи ги вонземските облици на течностите, кои се создаваат во тој дел од секунда.
Во навидум вообичаената серија од фотографии т.н. „Во делови“, се вклучени објекти конструирани од Лего коцки, кои се незабележителни за вообичаениот набљудувач.