„Мојата намера е да создадам нови врски помеѓу познатите форми така што воведувам спектакуларни отсликувања во околина каде што тие не би требало да постојат,“ Коди Вилијам Смит.
Со оваа серија фотографии Лара Занкул се труди да го покаже дуалитетот на светот во кој живееме – како работите изгледаат наспроти какви се во реалноста.
Во вторникот во Чикаго беа измерени рекордно ниски температури од дури 31 степен под нулата. Погледнете како изгледаше овој град под мраз, преку следниве фотографии.
Фотографот Шон Линч го претвора хималајскиот масив Анапурна во Непал, во вистинска црвена, магична земја на чудата. Неговите фотографии се повеќе бајковити, отколку реални.
На 1 јануари 2013 година Дениел Брукман сфатила дека го изгубила нејзиниот ајфон за време на новогодишната прослава. Од тој ден, таа постојано добива „самослик“ фотографии од мажот кој го земал нејзиниот телефон.
Кај националниот споменик „Grand Staircase Escalante“, на самиот крај од арката Џејкоб Хемблин во Јужна Јута, можете да најдете импресивна природна структура која изгледа како отворен покрив кон небото.