Хајнс успева да сними медитативен момент или отсјај од сите овие спектакуларни локации и со тоа им овозможува на гледачите да се пронајдат во овие места и да го доживеат мирот во секоја природна сцена.
Инспирацијата за проектот потекнува од промената во перспективата за нашата планета која ја доживуваат астронаутите кога за прв пат ќе ја видат од вселената.
Во секоја магична сцена, артистот ги повикува гледачите на авантура низ сончевите, снежните или грубите предели со цел да уживаат во патот и да не се грижат за дестинацијата. Погледнете дел од неговата фасцинантна работа...
Фотографиите од Бубу и пријателите изгледаат како да се направени на професионално снимање за магазинот „Вог за морски прасиња“ - носат хипстерски очила, се бањаат во розови кади, позираат со слатки зајачки ушиња...