Ако сите срциња на Инстаграм и лајкови на Фејсбук не ви се доволни, еве како да ја пренесете креативноста во вашиот дом, па да почнете да добивате комплименти и во живо. :)
Доколку отидете на одмор и не ги направите сите овие видови фотографии по неколку пати и потоа не ги објавите на Фејсбук во истата милисекунда кога ќе пристигнете дома, е исто како да не сте биле на одмор, нели?
Британскиот фотограф Џозеф Форд направил фантастична модна фотосерија инспирирана од детската имагинација, соединувајќи одбрани парчиња облека, со пејзажни фотографии направени од птичја перспектива.
Фотографката Лиза Вуд од Ајдахо, САД ги претвора навидум обичните фотографии од полиња, во прекрасни, надреални и богато обоени селски пејзажи, од кои застанува здивот.
Оваа колекција не само што ќе ве разведри, туку и ќе ве мотивира да погледнете кон светот со надеж. За да можете да го видите виножитото, мора прво да го почувствувате дождот нели?! Уживајте! :)