Понекогаш може да биде многу тешко да се погоди соодветниот агол или перспектива на една фотографија, но на овие луди фотографи тоа ни најмалку не им пречи.
Junebug Weddings, професионална организација за планирање свадби, ги објави 50-те најдобри свршенички фотографии за минатата година, од вкупно над 5.000 кои им пристигнале од целиот свет.
„Виножито од бои на група јасики близу Аспен, Колорадо. Есента во Аспен е нешто што е многу тешко да се објасни. Толку е убаво, каде и да погледнеш има јасики кои се златни, црвени, портокалови...“