Есента е дефинитивно најудобното време во годината. Замислете колку е прекрасно да седите удобно во омилениот стол за читање книги и да пиете топол чај.
Кој не би сакал да може барем накусо да дремне и да си ги наполни батериите, пред да започне турбо да ги завршува дневните обврски во последните часови од работниот ден?
Креирана од московскиот дизајнер Томпсон Томпсон, оваа удобна фотелја т.н. „Cocoon“ (кожурец) е совршена за одмор, релаксација и ви дава повод да поминете малку време сами со себе.
Ако досега многупати ви се случило да ги губите секојдневните предмети, кои се расфрлени во вашата дневна соба, оваа премногу функционална, но и естетски добро дизајнирана фотелја е создадена само за вас.
Најновата колекција на дизајнерите од студиото за дизајн LA во Полска се базира на браници, отвори за гориво, светла и кожа од Бентли и Ферари од 60-тите години кои се искористени за да се создаде неверојатно уникатен мебел.