Италијанскиот дизајнер Клаудио Ското изработил линија на карактеристичен мебел со специјален дизајн инспириран од најчесто употребуваните фонтови од страна на дизајнерите.
Колекцијата алфанумерички кафе-масички наречена Фонтејбл претставува револуција во уредувањето. Со нив, можете да „напишете“ порака, да ги поставите бројките кои имаат некаква симболика за вас, да градите хемиски соединенија...