Одејќи по снегот ги остававме нашите стапки, како доказ дека сме биле тука, сме оставиле некаков белег, некаква трага, а јас секогаш се лутев што твоето ангелче во снегот беше поголемо и поубаво од моето.
Ова се неколку предлози на активности кои можете да ги направите штом ќе се разбудите, а кои можат да ви помогнат денот да го започнете во подобро расположение и со повеќе енергија.
Сварено кафе ве чека на работната маса во кујната. Барем си замислувате додека сè уште се обидувате да ги одлепите очите. Миризбата ве буди и ви предизвикува пријатно чувство...
Станувате од спиење, а кафето веќе ве чека сварено на работната маса во кујната. Очните капаци полека се борат да го избистрат погледот, миризбата благо допира до вашиот нос.
Оваа летна десктоп позадина ќе ви делува освежувачки на денот кој е пред вас со самото вклучување на компјутерот и ќе ви претставува надополнување на уживањето додека го пиете првото утринско кафе.
Кафе... уживање во мала шолја. Горчлив вкус со моќно дејство, понекогаш разблажен со млеко или шеќер. Нè буди, ни дава енергија и ни претставува занимација, сами или во друштво.
Традиционално македонско кафе или инстант? Шербет благо, горко или малку засладено со неколку шеќерни кристали посеани од врвот на лажичката? Како и да го сакате утринското кафе, најважно да не заборавате да уживате.
За многумина, кога ќе започне денот со кафе, некако наеднаш сè е во ред. Сè може да се случи во текот на еден ден. Обидете се да не мислите на ништо додека ги шмркате првите голтки од утринското кафе. Ова време е само за вас.
Кафе, уметнички прошарано во пената, бисквит и понеделничкото утро може да започне. Делува релаксирачки, нели? Со оваа слика на вашиот десктоп, често ќе се потсетувате да се опуштите и да уживате...