Урбанизмот и природата не одат заедно, барем не додека не се појават некои интелигентни и супер креативни графити уметници кои овие две нешта можат да ги спојат онаму каде што никој друг не може да го стори тоа.
Паметни креации кои можеби не би можеле да ги забележите качувајќи се скала по скала, но ако ги видите од вистинската перспектива, ќе откриете огромни воодушевувачки уметнички дела.
Артистот Алекс Сена кој живее и работи во Сао Паоло, Бразил е надалеку познат по неговите прекрасни и шармантни графити кои ги красат улиците на градот.