Ова видео ќе ви овозможи не само да видите како неговиот креатор ја видел Турција, туку и да ја почувствувате, веројатно приближно онака како што ја почувствувал и самиот тој.
Раната есен е идеално време за посета на необичната Кападокија. Воодушевувачката глетка во комбинација со одличните услови за летање, им овозможуваат на балоните да лебдат помеѓу камените куќи, вгнездени во необичните карпести формации.
Во зависност од временските услови, небото на зајдисонце може да добие црвена, жолта, виолетова или зелена боја. Погледнете како изгледа зајдисонцето во различни делови од светот.
Медитеранот го опфаќа регионот околу Средоземното Море и се протега на три конетиненти: Европа, Африка и Азија. Спојот на медитеранска клима и архитектура прави Медитеранот да биде една од најпосакуваните дестинации за патување.
Не е ни важно кој колку верува во она што му го предвидува талогот во филџанот, битно е тоа дека вкусот и миризбата на ова кафе се вистинско уживање...
Најскапиот хотел во Европа, Мардан Палас, се наоѓа во Турција, во областа Лара, Анталија. Овој хотел претставува ориентална бајка со архитектура инспирирана од Отоманската Империја и од познатата палата Долмабахче.