Тиркизната боја е неодолива и плени на прв поглед, особено затоа што се поврзува со бојата на морето, а со тоа и со одморот, релаксацијата и уживањето.
Тиркизната боја означува мир, спокојство и стабилност. Ако се всели во вашиот дом, таа ќе ја поттикне комуникацијата и ќе создаде емоционална рамнотежа.
Тиркизот е многу редок полускапоцен камен и многу ценет поради својата единствена нијанса. Без разлика дали ја сакате оваа боја или не, тој со сигурност ќе го привлече вашето внимание.
Освежете го вашиот дом, бојадисувајќи некој ѕид во модерен омбре стил во боја на мента. Вашето живеалиште ќе изгледа модерно и ќе се прелева во релаксирачки океански бои.
Вердонската Клисура е речен кањон кој се наоѓа во југоисточниот дел на Франција. Реката која поминува низ него има впечатлива боја на тиркиз која го одзема здивот.