Колку сè она што го гледаме на телевизија, го читаме по весници и книги, потсвесно влијае на нас? Колку и како вистинските вредности биле погрешно вреднувани во минатото и денес?
Книга која ќе ве натера на размислување, ќе се запрашате кому и колку би требало да му верувате и уште поважно, дали некогаш ќе дојде период кога ќе мора да се сносите со последиците од вашите одлуки во минатото...
Судбината е чудна работа. Не знаеш на кој пат ќе те однесе. Не знаеш каква одлука ќе треба да донесеш и дали е денес тој ден кога сите работи во твојот живот ќе се свртат наопаку. Дека животот ќе ти се смени за 360 степени...
Приказна за текот на животот кој се одредува уште од самото раѓање, за семејството и семејните драми, за животот во изобилие наспроти скромниот живот кој е судбина на две тинејџерки...
Филм за судбината и за љубовта, за тоа колку сме подготвени за да излеземе од патот кој ни е зацртан и да се избориме за работите што навистина ги сакаме во животот.
Филм за животните одлуки, за последиците, за љубовта и страста - Што би направиле кога би можеле да го вратите времето назад до оној момент кога знаете дека сте направиле голема грешка? Би живееле ли поинаку? Каква би била вашата судбина тогаш?