Стефанија Ферарио работи како модел и цврсто се спротивставува на идејата дека луѓето како неа треба да бидат етикетирани како луѓе со „прекумерна тежина“.
Денешново општество се среќава со секаков вид стереотипизација за другоста. Сè она што потсетува на нешто друго веднаш треба да се етикетира според некој одреден шаблон.
Сме израснале со некои стереотипи за тоа што е убавината и како изгледа убава девојка, што не е ни чудо што денес стандардите и очекувањата кои треба да ги исполнуваме за да бидеме убави се такви какви што се.