Мирисот на дожд измешан со мирисот на свеќи од ванила... Мирис на есен. Поосамена од обично. Не јас. Есента. Јас... Мене ми е добро. Го комбинирам старото со новото, минатото го сакам назад, барем на кратко.
Талкам, мечтаејќи по Тебе. Не, не се уморив да се уништувам себе. И, не знам која есен е по ред, одамна јас престанав да ги бројам годините. Ти си запишан во моето срце, и твоето место не е во спомените!
„Животот е како цртеж без гума. Постојано цртаме со моливот на судбината, засенчувајќи со спомените на веќе заборавените времиња, боејќи со боите на заминатите денови и четките на годините.“
Повеќето луѓе набрзина пијат кафе веднаш штом ќе станат од спиење, бидејќи чувствуваат дека тогаш им е најпотребно, заборавајќи дека тоа може да претставува фантастичен момент на уживање.
Љубовта е само обичен танц, ако во него не се внесе страст. Излиени и исцртани чувства на вашето тело. Покажете му на својот најближен каква слика правите секојдневно. Наздравете за тоа!