За да се забавувате додека ја користите бањата, можете да се послужите со ова креативно огледало, на кое ќе гледате филм или ќе слушате музика, ќе ја читате вашата омилена е-книга или ќе ги дознаете актуелните вести.
Оваа интерактивна уметност креирана од уметничкото студио „Random International“, им овозможува на посетителите да искусат дожд над главата секогаш кога ќе посакаат, без да се намократ.
Скот Гарнер ја воодушеви интернет-публиката, со неговото последно и необично дело „Мртва природа“. Сликата е само навидум статична, но ако ја искривите, 3Д проектираните предмети ќе се стркалаат во рамката.